14.11.2022 Скопје
Министерството за внатрешни работи информира дека од утре граѓаните задолжително треба да поседуваат зимска опрема во возилата до 15 март.
Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека мерката е согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата.
Министерството за внатрешни работи, исто така, апелира до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување зимска опрема, бидејќи така се овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.
Подготвено од А.Ѓ.