15.11.2022 Скопје
Самитот на лидерите на Групата 20 (Г-20) беше отворен денеска на островот Бали со барање на Индонезија, која е домаќин на самитот.
Индонезискиот претседател Џоко Видодо, во воведното обраќање пред лидерите на најбогатите земји во светот да ги започнат разговорите зад затворени врати изјави, дека потребна е соработка за да се спаси светот, истакна дека Г-20 мора да биде катализатор за инклузивно економско закрепнување, и воопшто не треба да се дели светот на блокови и да не се дозволи светот да западне во нова студена војна.
Членки на Г-20 се Аргентина, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Турција, Велика Британија, Соединетите Американски Држави, претставници на Европската унија, односно администрацијата во Брисел, и Шпаније која секогаш е поканета како гостин на самитот.
Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Кина, Си Џинпинг, пред почетокот на самитот одржаа заеднички состанок на кој дебатираа дека никогаш не треба да дозволат да се води нуклеарна војна и двајцата ветија почеста комуникација во иднина.
Подготвено од М.Н.