https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/291499540_158662793402160_574622817585160812_n.jpg?_nc_cat=110&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=tIfPuAvRS-kAX9K4A6V&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT85FsEenqRfDk_3MKubsvgBiXCiUyC2pRUo4itW7-5irQ&oe=62D55366

17.11.2022 Скопје

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на денешната конференција „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, изјави дека пончнувајќи од декември оваа година, најранливите категории на граѓани ќе добијат финансиска поддршка, како дел од новиот пакет антикризни мерки, истакнувајќи дека не е исклучена и можноста да се прошири опфатот на граѓаните кои се детектирани како најранливи категории.

Конференцијата „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“ е во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Импакт фондацијата.

Министерката Тренчевска појасни дека самохраните родители, приматели на гарантирана помош, лица со попреченост над 26 години и деца со попреченост, лица кои имаат надоместок согласно Законот преку Агенцијата за вработување, во наредните четири месеци ќе добиваат 3000 денари месечно, како дополнителен приход. Пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе бидат поделени во две категории и тоа првата категорија е со минимална пензија до 11.525 денари и оваа категорија ќе има дополнителен приход од 1500 денари во наредните четири месеци. Додека пак, втората категорија на пензионери со пензија од 11.525 до 14.000 денари ќе има дополнителен приход од 750 денари месечно. Примателите на туѓа нега ќе добиваат по 3000 денари месечен приход, во наредните четири месеци, а лицата со надомест за телесно оштетување по 750 денари.

Тренчевска, воедно, додаде дека овие категории се детектирани како најранливи категории кои досега не добивале поддршка во делот на антикризните мерки, но како Влада ја следат состојбата и доколу има потреба ќе биде проширен опфатот.

Во однос на Економско-социјалниот совет, министерката информираше дека се дефинираат нови мерки и за стопанството.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author