mazh i zhena

21.11.2022 Скопје

По повод Светскиот ден на детето – 20 ноември, Евростат објави податоци кои покажуваат дека очекуваниот животен век кај жените е поголем отколку кај мажите во секој регион на ЕУ.

Од Евростат објаснуваат дека станува збор за податоци за очекуваниот животен век при раѓање, што е просечниот број на години што се очекува да ги живее новороденчето врз основа на моменталната стапка на смртност кај луѓето од сите возрасти.

Податоците покажуваат дека очекуваниот живот во ЕУ е 83,2 години за жените, а за мажите 77,5 години.

Пред две години, највисокото ниво на животен век при раѓање за жените беше во францускиот островски регион Корц, 87 години.

Во анализата на Евростат се истакнува дека се очекувало најдолго да живеат новородените девојчиња во шпанскиот, францускиот и италијанскиот регион.

Највисокиот животен век за новородените момчиња беше во Ипеирос (Грција), Илес Балеарс (Шпанија) и Умбрија (Италија). Во секој од овие три региони очекуваниот животен век при раѓање за мажите беше 81,4 години.

Според официјалната веб-страница за статистика на ЕУ, очекуваниот животен век на новороденото дете во ЕУ се зголеми за 1,5 година помеѓу 2010 и 2019 година.

Сепак, ова постепено зголемување на очекуваниот животен век ненадејно заврши во 2020 година со почетокот на пандемијата COVID-19. Пандемијата имаше моментално влијание, бидејќи очекуваниот животен век се намали меѓу 2019 и 2020 година од 81,3 години на 80,4 години. Овој пад на животниот век помеѓу 2019 и 2020 година е широко распространет во 86 отсто од регионите на ЕУ каде е забележан пад на животниот век, во пет отсто од нив нема промена, а во само девет отсто е забележан пораст.

Најголемите падови често беа регистрирани во регионите кои беа сериозно погодени од првиот бран на пандемијата, на пример, заедницата Мадрид, Кастиља-Ла Манча во Шпанија и Ломбардија во Италија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author