18.11.2022 Скопје
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, информира дека по електронска пошта добиле известување за повлекување на кандидатурата на обвинителката Фатиме Фетаи за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, но дека ќе бараат потврда на веродостојноста на оваа информацијата.
Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневниот ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители на 14 ноември, но кога стигна оваа точка беше одложено, за членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите.
Продолжението на 70-тата седница на Советот за Јавни обвинители е закажано за во понеделник на 21 ноември, а доколку е точна информацијата за повлекувањето на Фетаи, во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје остануваат само двајца кандидати, Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.
Подготвено од М.Н.