https://www.facebook.com/photo.php?fbid=574224854706934&set=pb.100063582736486.-2207520000.&type=3

17.11.2022 Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски, на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, изјави дека на целиот регион и на цел Европски континент ни претстои тешка зима, но е убеден дека со помагање на едни со други, земјите од Западен Балкан ќе успеат да обезбедат стабилна енергетска состојба, доволно храна и суровини и ќе се надмине оваа криза како што се надмина и короната, помагајќи си меѓусебно.

Ковачевски, воедном додаде дека оваа криза ни предочи дека заедно сме посилни и дека кога има за едните, има и за другите, истакнувајќи дека иднината на земјите е во добрососедството, соработката и солидарноста, секако како составен дел од Европското семејство.

Премиерот додаде дека оваа енергетска криза може да се искористи за да се претворат државите од Западен Балкан во центар на зелена енергија што ќе го снабдуваат со струја регионот, но и пошироко. Исто така, истакна дека ова е одлична можност да се искористат ресурсите од зелена енергија со кои располагаат земјите од Балканот, но истовремено и одлична можност целиот регион да се развива како нова енергетска сила.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author