
22.11.2022 Скопје
Во главниот град на Шведска, Стокхолм, поради големи количества на снежни врнежи парализирани се возовите и автобусите, додека многу авиони можеле да полетаат од градскиот аеродром само со задоцнување, а некои воопшто не можеле да полетаат.
Шведската агенција за транспорт изјави дека зимските услови имаат предизвикано проблеми на патиштата и на многу други делови од земјата.
Потпаролот на транспортната управа изјавил дека на снежните врнежи не им се гледал крајот и дека постојано ќе мора да расчистуваат, но поради обилните снежните врнежи безуспешни се акциите бидејќи и понатаму сообраќајот е парализиран.
Три илјади ученици во градовите Тролхатан и Венерсборг, северно од Гетеборг, поради обилниот снег училишната недела ја започнале со онлајн настава.
Подготвено од М.Н.