https://riforma.it/it/articolo/2022/10/28/presentato-ieri-il-dossier-statistico-immigrazione-2022

11.11.2022 Скопје

Минатиот месец конечно е потпишан Договорот со Фронтекс, Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, од кој поминаа речиси четири ипол години по усвојувањето на Планот 18.

За спроведување на овој договор, надлежно ќе биде Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Северна Македонија.

Договорот со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража познат во јавноста како Фронтекс што беше потпишан на крајот од октомври треба да обезбеди ефикасна борба со илегалната миграција која бележи мал, но забележителн раст во земјава.

Првиот човек на Министерството за внатрешни работи (МВР) Оливер Спасовски, изјави дека Република Северна Македонија не е атрактивна земја за мигрантите, но сепак признава дека годинава за три пати е зголемен бројот на обиди за илегален влез преку таканаречената Балканската бегалска рута на која што припаѓа и земјава.

Според најновите податоци на Фронтекс, Балканската рута е најактивната и најчесто користената рута за илеглален влез на мигранти, што само во првите девет месеци од 2022 година повеќе од 100.000 луѓе илегално ги преминале границите на ЕУ што е за 170 отсто повеќе за истиот период во 2021 година.

Договорот со Фронтекс е потпишан на 25 јазици меѓу кои е и македонскиот, и според кривичниот законик, лице кое на било каков начин е вмешано во илегална трговија со мигранти, ќе се соочи со казна затвор од една до десет години.

Подготвено од М.Н.

About Author