https://www.facebook.com/photo/?fbid=536985755103167&set=pcb.536985851769824

10.11.2022 Скопје

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, во рамките на учеството на климатскиот самит COP 27 во Египет, оствари работна средба со вршителот на должност извршен директор на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги УНОПС, Јенс Вандел.

Како што информираат од Владата, на состанокот се дискутирало за интензивирање и проширување на соработката со УНОПС, во рамките на нивниот мандат, за решавањето на проблемите со индустриските жешки точки.

Министерот Нуредини истакна дека се заблагодарил за досегашната соработка во спроведување на чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС, а упатил и барање активностите да се прошират и на други подрачја од ризик за човековото здравје и животната средина, преку преглед и надополнување на постоечката документација и изработка на изведбени проекти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author