https://www.flickr.com/photos/thomas1190/3075672078/in/photolist-LNNFKs-2ddyQe3-apqw9s-9rkZx6-9rJV6M-apnPa6-apqwqA-apqwi7-5FMC9W-5FMCSw-9rJUni-5FMBVq-5FMCkf

10.11.2022 Скопје

Во вторникот, нуклеарната централа „Кршко“ беше повторно приклучена на елетроенергетскиот систем, откако го заврши својот редовен ремонт.

На веб-страницата на нуклеарната централа „Кршко“ е објавено дека по првите проверки, нуклеарната централа „Кршко“ постепено ќе ја зголемува моќноста.

Редовното сервисирање почна на 1 октомври и требаше да трае до 2 ноември, но кон крајот на минатиот месец укажаа дека враќањето на мрежата ќе доцни неколку дена поради проблеми со замената на турбината под висок притисок, поради неуспехот на две специјални машини.

Во објавата на нуклеарната централа стои дека при ремонтот се заменети 56 од вкупно 121 горивен елемент и дека новите јадра ќе обезбедат извор на енергија за следната година и половина. Воедно, за време на ремонтот била спроведена сеопфатна стандардна програма за одржување и тестирање на механичка, електрична и мерна и регулациона опрема, како и повеќе од сто тестови за надзор.

Од нуклеарната централа „Кршко“ потенцираат дека 33-от циклус на гориво ќе трае до пролетта 2024 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author