https://www.facebook.com/photo?fbid=521836403290140&set=pcb.521837423290038

15.11.2022 Скопје

Во рамките на есенските сезонски активности, во наредниот период со нови садници ќе се разубават неколку локации во општина Центар, со цел дополнувањето на зеленилото да придонесе за почиста и поздрава животна средина.

Од Општина Центар информираат дека ќе се заменуваат исушените дрвја и зеленило на скверовите Јадран и Буњаковец. Исто така, ќе бидат обновени жардиниерите на улицата Радњанска, а ново зеленило ќе се постави и на улиците Партизанска, Орце Николов, Владимир Полежиновски, Народен фронт и Киро Крстевски Платник.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *