Image by David ROUMANET from Pixabay

07.11.2022 Скопје

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62% во однос на одлуката од 4 ноември 2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините за 1,994 %, кај дизелот намалување за 0,558%, кај екстра лесното масло намалување за 0,436% и кај мазутот намалувањето е за 0,165%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,578%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,072 денари/килограм и сега ќе изнесува 49,995 денари/килограм.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари/литар, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 денари/литар.

Од 8 ноември 2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 – 94,00 денари/литар;
– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 96,50 денари/литар;
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 98,50 денари/литар;
– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93,00 денари/литар;
– Мазут М-1 НС – 49,995 денари/килограм;

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author