https://www.flickr.com/photos/jezzdk/3739750264/in/photolist-6GtcsQ-25pWWY7-s8Vx83-Ke41mw-2n6EsTy-2n6KqaG-2mReqak-Joo4Wq-t7ZXL7-M1EvfQ-2mRfBFS-24C7KZC-VAnCzB-2mRjA51-FLVGCi-BQnw6G-2kBFJps-27ecXh3-2mRoPJG-2k7bMfk-2mRfBgZ-2bXweud-sqo8eZ-9wF65S-KHh1Ue-27yWrWE-6XU1Lc-26m8yhm-FDFHum-2mRuA1H-yCMXcQ-2mRiTGk-2jhWEcw-2mRfBHf-PXnHrG-n6Y4vT-2mReqt6-A5rX3A-WyTCg3-2hM144v-2gHZjEs-2mRfBqr-FqLQ7h-2mRhHUR-2mRabjo-2ngVYdP-CHwszi-vNExG9-rf1BVh-2mRiTd9

23.11.2022 Скопје

Трите нуклеарни централи кои сè уште се под контрола на Украина се исклучени од електричната мрежа, поради новите руски воздушни напади врз државата.

Украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом, во соопштение наведува дека нападите ги активирале протоколите за вонредни состојби во нуклеарните централи Ривненска, Пивденноукраинска и Хмељницка и дека како резултат на бомбандирањата сите реактори автоматски се исклучени од електричната мрежа.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предходно ја обвини Русија и поради гранатирањето на болничкиот сектор во градот Вилњанска во областа Запорожје, каде е уништена двокатна зграда во која се наоѓало породилиште.

Подгоотвено од М.Н.

About Author