03.11.2022 Скопје
По оставките на директорите на двете универзитетски клиники – Клиниката за детски болести и Клиниката за радиотерапија и онкологија, д-р Аспазија Софијанова и д-р Никола Васев, денеска од страна на министерот Беким Сали, се назначени нови директори.
Директор на Универзитетска клиника за детски болести ја именува д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, додека за нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ја именува д-р Виолета Клисаровска.
Во понеделникот оставка поднел и Меритон Чивули, шеф на кабинет на министерот за здравство Беким Сали, бидејќи вршел притисоци врз директорите на клиникте откако на дел од нив им праќал списоци со имиња на вработени Албанци, кои требало да се стават на раководни позиции во дел од болниците, бидејќи според него, имало премалку раководители- Албанци во Клиничкиот центар.
Подготвено од М.Н.