03.11.2022 Скопје

Најновата истрага покажала дека во експлозиите кои се случија на крајот на септември се уништени околу 250 метри од едниот крак на гасоводот Северен тек.

Според првичните резултати на истрагата, на морското дно има два кратери, секој длабок од 3 до 5 метри, а одалечени се околу 248 метри еден од друг, дел од цевката меѓу кратерите е уништен а радиусот на расфрленоста на фрагментите на цевката е најмногу 250 метри.

Данска и Шведска, кои спроведуваат истраги на оштетувањата, изјавија дека станува збор за саботажа.

На крајот на септември беа откриени четири истекувања, два во данската и два во шведската ексклузивна економска зона, на двата крака на гасоводот Северен тек по експлозиите во близина на островот Борнхолм во Балтичкото Море, и двата крака водат од Русија до североисточна Германија.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *