https://www.flickr.com/photos/66685136@N02/8099442492/in/photolist-dkHL5d-dkHJWP-dkHK5K-YjZEfF-qWff5N-2bp7KC2-4LWMVa-fFfQS7-4LWP5e-5Tpr4-2iPh6Eb-2iPmvwk-2iPh6KG-fEYeiX-5pS2bL-6Ptd8m-6s9aCP-fFfRiG-4H7Se6-5Tpr9-6WZTRs-5rtttM-2hfsn4n-5rxN1A-5TpqZ-fEYeJP-2iPh6D9-2iPmvv8-2iPjPwr-26exXdU-6WVTvx-2iPjPz2-2iPh6BL-4M1TFw-CcoHPo-4LWLSv-38tvUy-4M1YLu-28TM1o3-4Mf3HS-4MaPkM-4M1V3b-4Mf2xj-4M1ZPQ-4M1UgQ-RRFMRc-F7RbUx-2nGfoCS-N3tksK-25wh1Vo

15.11.2022 Скопје

Во организација на Норвешка, во четврток во Белград, ќе се одржи голема регионална конференција, „Норвешка – Западен Балкан“, која ќе биде деловна конференција каде ќе се разговара за можностите за инвестирање во обновливите извори на енергија во Западен Балкан.

На конференцијата покрај српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе учествуваат и премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, Дритан Абазовиќ премиерот на Црна Гора, премиерот на Албанија Еди Рама и претседавачот со советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

Норвешкиот амбасадор во Белград, Јерн Гјелштад нагласи дека ќе има и панел за финансирање и развој, каде ќе бидат меѓународни финансиски инвеститори, а панелот ќе го отвори норвешкиот министер за финансии.

Гјелштад истакна дека е многу голем оптимист и се надева дека енергетиката ќе биде голем дел од билатералната агенда меѓу нордиските земји и Западен Балкан.

Амбасадорот на Норвешка додаде дека на оваа конференција на која ќе бидат собрани лидерите од регионот ќе се разговара на тема за енергија и клима, и ќе резултира за подобро разбирање, како енергијата може да се користи како двигател на посилен регион со поголема соработка, со повеќе интеграции и поголема доверба.

Познато е дека нордиските земји имаат блиска соработка на многу полиња меѓусебно, но и нивната солидарност со другите земји е далеку позната, па оттука доаѓа и иницијативата „Нордиски зелен проект – одржливи решенија за Србија”, која има за цел да ја претстави нордиската „зелена” технологија, бизнис моделите за заштита на животната средина и борбата против климатските промени.

Подготвено од М.Н.

About Author