https://www.facebook.com/photo.php?fbid=160972312396654&set=pb.100054516578279.-2207520000.&type=3

26.11.2022 Скопје

Во натпреварот од второто коло од групата А на Светското Првенство во 2022 година, средбата на стадионот „Калифа“, меѓу Холандија и Еквадор заврши со резултат 1:1.

Резултатот го отвори холандскиот напаѓач Коди Гакпо во 6. минута, Во 45+3 минута Еквадор можеше да израмни, но голот на Пурвис Еступинан беше поништен поради тоа што Аугусто Поросо беше во офсајд.

На почетокот на вториот дел, во 49. минута, еквадорскиот играч за врска Енер Валенсија сепак постигна гол и го постави конечниот резултат на натпреварот.

Следниот меч Холанѓаните го играат на 29 ноември против Катар, а истиот ден Еквадорците ќе се сретнат со Сенегал. Двата натпревари ќе започнат во 16 часот.

Подготвено од М.Н.

About Author