21.11.2022 Скопје
Директорот на претпријатието „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, најави дека автобусите на линиите кои не сообраќаа денеска, нема да сообраќаат и утре, а за другите линии ќе се одлучи по средбата со превозниците.
Јовановски по средбата со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, изјави дека иако состанокот бил напорен и траел толку долго за жал не може да каже дека се договориле за нешто конкретно, додавајќи дека на крајот од состанокот е заклучено дека Градот Скопје во моментов не може финансиски да помогне и да гарантира со одредена сума заради тоа што ребалансот на буџетот се уште не е поминат и единствено што може да се зборува за решавање на состојбата е дури после 40 дена со новиот буџет.
Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, денеска не возат поради заостанат долг од Град Скопје кон приватниот превозник.
Подготвено од А.Ѓ.