16.11.2022 Скопје

Претходните години како најголем проблем во Република Северна Македонија беа егзистенцијалните прашања, невработеноста и сиромаштијата а во денешно време најголем проблем претставува корупцијата.

Ова покажува дека корупцијата за граѓаните во државата е многу повеќе товар, отколку полесен начин за остварување на потребните цели, оценува Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) која денес одбележува 20 години од нејзиното постоење.

Антикорупциска со нејзиниот последен состав успеа за неполни четири години да добие негативните оцени од Европската комисија, тие треба целосно треба да се променат, но неопходно е да се зголеми и ефикасноста на другите институции, кои понатаму треба да постапат кон целосно затворање на предметите.

Утврдено е дека најчесто со избор на вработени преку нечие влијание, односно непотизам, се злоупотребува дискреционото овластување бидејќи не се земаат предвид реалните околности, квалитети и компетенции на кандидатите.

Со тоа се урива системот на вредности при вработувањата, се поткопува желбата и мотивацијата кај стручните и квалитетните лица за поголеми достигнувања но и вербата на јавноста во постоење фер и праведен институционален систем заснован на вредности кој треба да биде достапен за сите граѓани еднакво.

Истовремено и од Европа и од САД стигна оцена и порака, каде е наведено дека корупцијата во Република Северна Македонија е присутна во сите институции и земјата мора да најде начин да ги разбие заднинските политички мрежи што овозможуваат ширење на корупцијата во целата држава.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *