01.11.2022 Скопје
Иако цената на суровата нафта се стабилизира во границите од 80 до 90 долари за барел во последните два месеци, најнов проблем може да биде цената на дизелот. Недостиг на дизел се појави не само во ЕУ, туку и во САД, а тоа ќе доведе до зголемување на цените.
Во текот на првата половина од годинава, според податоците на Хрватскиот центар за возила, се регистрирани најмногу патнички автомобили со дизел мотор, дури 50 отсто.
Втој најзастапен погон е бензинот, 35 проценти. Дизелот е уште позастапен во комбиња, камиони и автобуси. Иако голем дел од крајната цена на бензинските пумпи е одредена од движењата на цената на суровата нафта, дел од цената се должи на трошоците за преработка и на целиот дистрибутивен синџир. Остатокот од цената се однесува на државни даноци.
Во ЕУ, пред војната во Украина, 15 отсто од дизелот се увезуваше од Русија.
Освен што се користи како гориво за патнички автомобили, дизелот се користи и како главно гориво за транспортни возила, автобуси и во индустријата.
До 2020 година, половина од вкупниот увоз на дизел во ЕУ доаѓаше од Русија, а до почетокот на 2022 година речиси 60 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.