https://www.flickr.com/photos/195546585@N05/52111421135/in/photolist-2j1YghR-nqXwio-2mMTDWe-2nBxMLU-2nwQBjZ-2notB4V-2m26A1z-2nwPkt6-2nYjJgJ-2nf7ofV-2me5xNr-2nYubDa-2j7dapk-2nWFSei-2noTdec-2njJCLa-2nwHbe4-2jXMX9W-2iFNNEA-H18avm-2m5FFDK-2iQWUWd-2nEFkSh-2jZqUuj-2nkjvvh-2nYmc6n-2nkkBeh-2nk8sBP-2noLESV-2noUDYc

23.11.2022 Скопје

Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан изјави дека НАТО треба да остане во рамките на своите географски параметри, и не треба да се обидува да наметнува свои правила, или да се обидува да се прошири, па дури и да премине одредени граници.

Кинескиот министер Лиџијан, истакна дека НАТО ја надминува својата колективна одбранбена клаузула, и упати обвинувања за зголемување на бројот на интервенции вклучувајќи климатски промени, инфраструктура, технолошки иновации, синџири на снабдување, здравје и енергија.

Кинеското Министерство на овој начин одговори на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој во посетата на Шпанија, изјави дека сојузниците го диверзифицираат своето снабдување, и додаде дека тоа е добро за безбедноста на НАТО.

Жао Лиџијан во својата изјава додаде дека развојот на глобалниот индустриски синџир на снабдување е резултат не само на законите на пазарот, туку и на деловни одлуки, и дека Кина успеа во последните години да развие здрава соработка заснована на принципите на еднаквост, во многу области и со компании и земји од различни региони, вклучувајќи и замји членки на НАТО.

Подготвено од М.Н.

About Author