https://www.flickr.com/photos/ikreis/9655865997/in/photolist-fHfQye-f45csV-fuqKxJ-pfPiWD-nCAoAi-ynQJX9-RtU1zf-anfCxz-24Xnk8y-foYnSm-enwpmL-rF28B-aGeB7P-dqEX8h-9xpNmH-Hj2Za-dpYZV3-p5XKdP-pUCrfN-q9EMkB-bG8zNT-nGK3aH-dpYZHG-aGek8t-bx4NLn-6KBTQW-aa7q2V-ffUpB7-8qL4Na-urnpzx-dXnD9D-qMqAcq-prXWpt-kir7ux-dxdHxp-8JMEYk-ePng6A-r6NQ4f-hYFxBQ-GitT8j-8uXrVm-j5NWvD-84KkS5-egfb75-a7Y2av-8qL47K-jXo1Nj-dqapZH-ZdYkw-CD1mRQ

01.11.2022 Скопје

Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, изјави дека во 2023 година, се очекува да започне изградба на уште една 10 мегавајтна соларна централа во Осломеј од страна на ЕСМ.

Ковачевски напомена дека во мандатот на оваа Влада, веќе се инсталирани 27 мегавати фотоволтични централи во државата, и тоа е многу повеќе одколку што вкупно беа инсталирани за 11 години. Преку концептот на Стратешки инвестиции, Ковачевски додаде, дека се обезбедени над 1.000 мегавати во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи и тоа со реномирани европски компании.

Премиерот Ковачевски истакна дека се поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија кој подразбира претворање на климатските и еколошките предизвици во можности и придобивки за државата и граѓаните.

Сончевите електрани ќе бидат двигатели на енергетската транзиција на Република Северна Македонија, додаде премиерот Димитар Ковачевски.

Подготвено од М.Н.

About Author