https://www.freepik.com/free-photo/top-view-dried-herbs-spoons_7452880.htm#query=spices&position=2&from_view=search&track=sph

07.11.2022 Скопје

Одредени зачини, освен што ќе го збогатат вкусот на храната, можат значително да го подобрат вашето здравје.

Научниот институт на МекКормик, посветен на истражување на карактеристиките на зачините и билките, спроведе серија студии кои доведоа до неверојатни откритија.

Зачините имаат извонредни антиоксидантни својства. Некои од нив, како оригано, куркума и каранфилче, се најсилните познати антиоксиданти. Тоа се супстанции кои можат да ги заштитат клетките од слободните радикали.

Антиоксидантите не штитат од срцеви заболувања, рак и други болести, а вклучуваат бета-каротен, лутеин, ликопен, селен и витамини А, Ц и Е.

Чили пиперката, благодарение на капсаицинот, состојка која и дава жештина на лутата пиперка го забрзува метаболизмот, а освен тоа, тој влијае и на хемикалиите во мозокот кои го намалуваат чувството на глад. Луѓето, кои половина час пред оброкот консумираат зачинет сок од домати со чили, подоцна јадат 16 проценти помалку калории. Освен тоа, капсаицинот може да го намали ризикот од појава на чир, бидејќи ги јакне клетките на желудникот кои подоцна можат да се одбранат од бактериите кои го создаваат чирот. Исто така, го штити и срцето, бидејќи го спречува таложењето на холестеролот на ѕидовите на крвните садови.

Студиите покажуваат дека екстрактот од ѓумбир ја намалува мачнината кај трудниците и пациентите на хемотерапија. Овој зачин го смирува иритираниот желудник, а се бори и против болниот артритис и воспалението во мускулите. Ѓумбирот содржи и противвоспалителни материи кои можат да ја спречат појавата на некои видови рак.

Циметот е еден од најомилените зачини меѓу луѓето. Додавањето цимет во храната, една лажичка дневно, може да им помогне на болните кои страдаат од дијабетес тип 2, бидејќи го редуцира наглото скокање на шеќерот во крвта по оброкот.

Куркумата се кориси за намалување на воспаленијата, а во Индија ја употребуваат како паста за лекување на раните. Во чајот се става против настинка и респираторни проблеми. Куркумата има силни антиоксидативни и противвоспалителни својства, односно ја намалува болката кај артритисот и повредите, а се користи и за лекување на срцевите болести, дијабетесот и Алцхајмеровата болест. Стручњаците истакнуваат дека куркумата е потенцијален лек за рак, особено за тумор на цревата, простатата и дојката, бидејќи ги уништува канцерогените клетки.

Шафранот долго се користи во традиционалната медицина како материја за подигање на расположението. Обично се става во чај од билки или во оризот, а докажано е дека ги ублажува симптомите на предменструалниот синдром (ПМС), како што се промените на расположението и депресијата.

Нутриционистите често ја препорачуваат жалфијата за проблеми во органите за варење и воспаленото грло. Оваа билка може да се користи и за ублажување на првите симптоми на Алцхајмерова болест, бидејќи го спречува уништувањето на ацетилхолинот, хемиски спој во мозокот кој е вклучен во процесот на паметењето и учењето.

Една неодамнешна студија покажала дека луѓето подобро ги решаваат тестовите за концентрација и паметење ако во воздухот се шири арома на рузмарин. Овој зачин често се користи во маринадите, бидејќи има антиоксидативни својства и го спречува расипувањето на местото. Екстрактот од рузмарин во меленото говедско месо го спречува формирањето на канцерогените хетероциклични амини (ХЦАс), кои обично се создаваат при печењето на месото на скара или во текот на пржењето.

Магдоност штити од рак на дојка. Со додавањето на материјата апигенин, со која изобилува магдоносот, се крева отпорноста на организмот против ракот. Стручњаците препорачуваат секојдневно во оброците да се додава малку магдонос.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author