https://www.facebook.com/euzakultura/photos/bc.AbooyAW1Vop2rPd5xsY7ciKsosjK9lrUhBM95XV9PO1rHEjmxxGLb7gITffXfpMiiWuBCiYyBtEdhdr1MfhJsm8cfSF6B794ZucBjwf8bwZ_CWMlNAuxK3sTdwTeKK4vGVZLshciGSaidnd5FfKKa627LF26QfxNzaEajAZj22m7tsjUGw16pS5vWN0NCvUdNwpOAXXJZDFXH_-l3gU2fcqkwfEfSxldIjElZ86jQATVzA/1769717143363171/?opaqueCursor=Abp4tsrX2nbC1NF-sVmJ3qoML1Rj9q4xHduQT6tVW7kXLJ8QGksEzstfz4l4pa-B242eDQb-mlPLxgFNvhN9kVdlM8EggrwGIWgyl0FkBxoj10NLzS2vZGB75bD95gNF1632dsqHc2L-Tq8p2xWRb6e105vOLDxm4Yivn6hNWlUxwOvxkGCO9-Sy4xVn2lXSwinUr6oUfipP5Cy72opgJy2AcQmTu8orbjA7bwQBvjDH24uJLBvhgyson_ruRG_RB-AbY-RqbnEFaOlxNu2oCWD0jzmIhXLTENouqDJ7W0eDUiMsV9SnjaTI4TV1q8Net3yJaxbKSSnm1YfPnepNFm9FWubxbBjvnxeWyPNGc3Yvb0wvhxKooeaNvdu4VlGEK5auUndtu8MkiFlrFRcNoXxvxiIrxgzfN3AiMfKTeUGNr5-mBIAeXXcZjOs8e_d203snOBjFM8eV-Bg6-totMvgvh8LO1NJLIk2kCTc4Se6zKy1jrdtjP4ZqhKdVXXO5EjGg-IavXC5xHPumsNLOccedwr9jnAIrB4GxZSQvbrZWC5kkiUUmQYy3pZBUJ0SSh2ulZXS3yzNFCgVp0ZQn_jReYbM-G22ozJ0SKnAti45WNkquKvvfpz91-euGCedHHGTXgni0XXYg_2veUi-8En2tePOI0Jnadhwjn1omHM4x7A

01.11.2022 Скопје

На вчерашната завршна церемонија на Филмскиот фестивал на словенечки филм во Порторож, „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска освои три награди.

Во категоријата за најдобра копродукција ја освои главната награда „ВЕСНА“ за најдобар филм.

Во националната категорија за најдобар словенечки филм, со исклучок од страна на жирито, „Најсреќниот човек на светот“ доби две награди: наградата „ВЕСНА“ за најдобар костим за словенечката костимографка и долгогодишен соработник на Теона, Моника Лорбер и наградата „ВЕСНА“ за најдобра шминка за Мојца Горогранц Петрушевска. Она што е невообичаено е дека овие две награди најчесто се доделуваат на словенечки автори за словенечки филмови, а не на малцински копродукции како што е случајот со „Најсреќниот човек на светот“.

Во петокот, филмот „Најсреќниот човек на светот“ имаше премиера на Филмскиот фестивал во Загреб, каде публиката со воодушевување коментираше дека е најдобриот филм за Босанската војна, направен од македонски автор.

Македонскиот национален претставник за Оскар, „Најсреќниот човек на светот“ игра на редовниот репертоар на Кино Милениум.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author