https://www.facebook.com/kylianmbappeofficiel/photos/pb.100044253888108.-2207520000./2741584602762277/?type=3

14.11.2022 Скопје

Објавена е листа на најскапи фудбалски репрезентации во светот, а од оние кои се во топ-10 една нема да игра на Светското првенство во Катар, а тоа е Италија, која беше елиминирана од македонската репрезентација.

Од објавената листа, само две фудбалски репрезентации се со вредност повеќе од 1 милијарда евра а тоа се Англија и Бразил.

Што се однесува пак до пазарната вредност на играчите, во големо водство е Французинот Килијан Мбапе чија вредност изнесува 160 милиони евра, а според угледниот „Трансвермаркт“, само фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд е погоре од Французинот и неговата вредност изнесува 170 милиони евра, но неговата норвешка репрезентација не е дел од Светското првенство во Катар.

Листата на највредните фудбалски тимови на Светското првенство во фудбал за 2022 година е: Англија – 1,36 милијарда евра, Бразил – 1,09 милијарда евра, Франција – 886 милиони евра, Португалија – 882 милиони евра, Шпанија – 805 милиони евра, Германија – 746,50 милиони евра, Аргентина – 608 милиони евра, Белгија – 554 милиони евра, Холандија – 472,75 милиони евра, Уругвај – 395,40 милиони евра.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *