cirih najpoznata uliza nova godinaa

21.11.2022 Скопје

Годинава многу европски градови ќе ги исклучат или барем ќе ги изгаснат празничните светла поради намалување на огромните трошоци за струја.

Лондон, Даблин, Лисабон, Стокхолм и Загреб се само дел од градовите кои ќе го скратат времето во кое нивните жители и туристи ќе можат да уживаат во осветлените празнични украси на плоштадите и улиците.

Трговците на мало се револтирани и проценуваат дека делумното исклучување или затемнувањето на празничниот сјај дополнително ќе ги затегне паричниците на потрошувачите кои веќе се притиснати од зголемените трошоци за живот. Тешко дека ќе ги отпуштат сопирачките и ќе трошат нерационално и во овој период од годината кога многумина се понаклонети кон тоа.

Како што пишува Блумберг, годинава ќе се заштеди дури и во Банхофштрасе, главната шопинг улица во Цирих и една од најскапите во Европа, каде секоја година свети осветлувањето „Лучи“, исполнувајќи го ноќното небо со дијаманти. Оваа година, ќе бидат осветлени само продавниците за дијаманти Луј Витон и Гучи по пет часа секоја вечер, приближно половина од вообичаеното времетраење.

Една од најпознатите трговски улици во светот, лондонската улица Оксфорд годинава ќе блесне со две третини помала потрошувачка на струја, бидејќи ќе свети само осум часа дневно со префрлувањето на ЛЕД осветлувањето.

Организаторите велат дека приоритет е да се постигне баланс помеѓу одговорното однесување во однос на потрошувачката на електрична енергија и брилијантното корисничко искуство.

Како што објави Блумберг, во Франкфурт не само што ќе заштедат на празничното осветлување, туку целосно го откажаа греењето на тоалетите на познатиот градски божиќен пазар на плоштадот Ремер.

Трговците стравуваат дека ова ќе доведе до тоа барем дел од посетителите годинава целосно да го заобиколат саемот.

Што се однесува до Загреб, оваа година божиќните светилки ќе се вклучат половина час подоцна и ќе се исклучат половина час порано со употреба на LEД осветлување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author