11.11.2022 Скопје
Европската агенција за животна средина објави една нова студија, во која се наведува дека до крајот на векот, околу 90.000 Европејци би можеле да умираат секоја година поради екстремни горештини.
Агенцијата ги проучуваше ефектите од климатските промени врз здравјето и ги повика земјите да ги подготват своите здравствени системи за затоплување на планетата.
Долготрајните топлотни бранови и „тропските ноќи“, кога температурите се над 20 степени Целзиусови, се очекува значително да се зголемат поради емисиите на стакленички гасови.
Во извештајот на Европската агенција за животна средина се наведува дека најголемата директна закана за здравјето на луѓето во Европа е топлината, што е пример за големиот број смртни случаи кои се припишуваат на екстремно високите температури и продолжените топлотни бранови во текот на летото 2022 година. Смртноста поврзана со топлината се зголемува низ Европа од почетокот на 21 век, особено во јужниот дел на континентот.
Според прогнозите на Евростат за 2019 година, процентот на стари лица на возраст од 65 години и повеќе се очекува да се зголеми за 11 процентни. Европејците се особено чувствителни на екстремни горештини бидејќи населението старее, а постарите се најизложени на ризик од топлина
Кардиоваскуларните болести и дијабетесот се очекува да се зголемат кај Европејците, што ги прави ранливи на изложеност на топлина.
Во Извештајот се наведува и дека климатските промени доведуваат до зголемување на бројот на комарци и крлежи кои носат болести, што најверојатно ќе доведе до нови епидемии на инфекции.
Подготвено од А.Ѓ.