09.11.2022 Скопје
Подрачјата кои имаат најголема концентрација на луѓе кои живеат до 100 или повеќе години се Сините зони, во кои спаѓаат Окинава, Сардинија, Лома Линда, Икарија и Никоја.
Во стручното списание „Американски весник за медицина на животниот стил“ е објавено истражувањето кое покажа дека повеќето жители на Окинава, Јапонија, го следат правилото 80/20.
Правилото 80/20 значи дека тие секој оброк го јадат додека не се заситат 80 отсто и на тој начин го спречуваат прејадувањето, кое доведува до дебелеење и болести.
Со помош на правилото 80/20, тие на својот желудник му „даваат време“ на мозокот да му „соопшти“ дека е полн.
Во стручното списание е наведено дека преостанатите 20 отсто може многу да бидат значајни за слабеењето или дебелеењето.
Нутриционистката Лорен Манакер за списанието „Јади го ова, не тоа“ изјавила дека со оглед на тоа што се потребни околу 20 минути по оброкот за да се почувствуваме дека сме сити, практикувањето на правилото 80/20 му овозможува на мозокот да го „стигне желудникот“.
Подготвено од А.Ѓ.