14.11.2022 Скопје
Последниот објект кој што требаше да се урне денес, каде што треба да се пробие булеварот „Благоја Тоска“, во Тетово не се реализираше.
Иако градежна механизација во придружба со полициски службеници беа излезени на терен, сепак сопственикот несакал да го напушти објектот по што Општина Тетово му даде уште една недела рок за иселување.
Според документите кои се разгледувани, местото катастарски му припаѓа на општината, и семејството мора да го напушти објектот, експропријацијата веќе е завршена и парите се префрлени на наменска сметка на судот бидејќи странката не сакала да ги подигне.
Од Општина Тетово велат дека имаат веќе изнајмено и стан каде што ќе се пресели семејството, и ќе им ја плаќа месечната кирија се додека не најдат друг објект за живеење со парите кои ќе ги добијат од експропријацијата.
Од Општина Тетово, изјавија дека не можат да му излезат во пресрет на семејството во однос на барањето за дозвола за градба на само неколку метри од нивната куќа, бидејќи нема законска можност.
Булаварот „Благоја Тоска“ веќе дваесет години чека пробивање, делницата треба да продолжи од мостот кај Клиничката болница, до Средното текстилно училиште.
Подготвено од М.Н.