zaplenet kokain eu srbija

27.11.2022 Скопје

Како што соопштуваат медиумите во соседна Србија, во меѓународна координирана акција на БИА, српското МВР, Европол и Евроџаст, запленети се над 100 килограми кокаин во вредност од над 10 милиони евра и уапсени се повеќе лица во ЕУ и Србија.

Медиумите соопштуваат дека дрогата е запленета во Белгија и дека е уапсена група која соработувала со кавачкиот клан.

Во оваа акција во Холандија, уапсените членови на организирана криминална група се српските државјани Д.Р. (28) и Д.П. (48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомнение дека се резултат на кривични дела, додека во Белгија и Луксембург се уапсени и српските државјани С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В. (33), едно непознато лице, како и државјанин на БиХ С.Ѓ. (42), а на територија на Белград уапсен е српскиот државјанин В.В. (29), кому му е одредена мерка притвор од 48 часа, а потоа ќе биде изнесен пред јавен обвинител.

Дрогата е запленета во Арлон, на југоистокот на Белгија, при претрес на магацин каде осомничените се обиделе да го сокријат кокаинот со бетонски плочи за полесен извоз, а претреси биле извршени истовремено во Холандија, Луксембург и Србија.

Подготвено од М.Н.

About Author