https://www.flickr.com/photos/165964623@N02/45803280562/in/photolist-2cMtMxQ-bFbUHX-gMnNo3-QLweHw-61fPN-ebx8dN-jGDoon-2kVedzu-6PXAKG-67DJQn-2ij4GsM-2vbfx-4Nhurf-DPNK3f-5PED6E-a7supS-8aoPiw-85gsub-8VPacB-2dS2rUD-2jhkSSB-E3ad-7YPtJz-5Q23Sh-sbAo8b-2aqJ4S6-pX9JTp-nenYKe-ac3wKp-8Xq6Fb-icGzWu-294ikPw-asVQy4-rMxxM-nwWJLp-Da9gdr-cP68Kj-2mX5ZZf-7Yn4kQ-dT2wx9-2a8KZT1-QLw9sb-bUfCDA-2haFmzv-3fL7vq-2cPU2ph-7YiPnF-2a8KFSm-QLwdzu-bfZaKM

01.11.2022 Скопје

Во просториите на Клубот на пратеници во Скопје, дирекцијата за радијациона сигурност, организира национална вежба, со цел проверка на подготвеност на институциите во Република Северна Македонија во случај на радиолошки и нуклеарни вонредни настани.

Со користење на Софтверот за поддршка JRODOS, се стимулира движењето на радиоактивните материјали во околината и се пресметуваат дозите што ги прима населението при нуклеарна несреќа.

Вежбата ќе трае до 3 ноември и се одржува во рамките на проектот „Emergency Preparedness and Response in the Western Balkan Region“, во кој проект освен Република Северна Македонија вклучени се и Црна Гора, Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

На отворањето ќе бидат присутни Бојан Томиќ, кој е носител на овој проект, директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на институтот за јавно здравје.

Подготвено од М.Н.

About Author