https://www.facebook.com/photo/?fbid=324598733183994&set=pb.100069016095883.-2207520000..

11.11.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, во ОВР Кичево, лице со иницијали М.Б.(58), пријавило дека при изведување на градежна работа, односно ископување со работна машина, на новопроектираниот пат Кичево-Дебар, ископал три експлозивни направи.

Веднаш по пријавата во ОВР Кичево, овластено службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, придружувано со полициски екипи, извршиле увид на местото и било констатирано дека се работи за авионски бомби кои се останати од Втората светска војна.

По направената констатација и по насоки од јавен обвинител, местото е обезбедено и се превземени мерки на уништување на експлозивните направи.

Подготвено од М.Н.

About Author