18.11.2022 Скопје
На само два дена пред почетокот на Светското првенство, ФИФА донесе промена во која се забранува продажба на пиво на стадионите за време на натпреварите.
Иако претходно беше најавено дека на стадионите ќе се продава пиво и Катар ќе ги почитува комерцијалните партнери на ФИФА, сепак сега во последен момент се случува промена.
Од ФИФА соопштија дека по направените разговори помеѓу властите на земјата домаќин донесена е одлука продажбата на алкохолни пијалоци да биде само во фан зоните и другите лиценцирани места, а продажните места на стадионите ќе бидат отстранети.
Светското првенство во фудбал ќе стартува во недела со натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Еквадор од 17:00 часот.
Подготвено од А.Ѓ.