opagjanje na kosa

25.11.2022 Скопје

Губењето на косата е сосема нормален процес и во многу случаи не е причина за загриженост се доколку е во нормала, но кога тoa ќе порасне во сериозна количина влакна од вашата глава, време е сериозно да се позанимавате со оваа појава.

Без разлика дали тоа настанало поради хормонално нарушување, генетика или промена на годишните времиња, опаѓањето на косата предизвикува стрес и непријатност, и доколку тоа се случува подолго време препорачливо е да се обратите кај лекар трихолог.

Оваа состојба на опаѓање на косата е непредвидлива и нема старосни граници.

При појава на зголемено опаѓање на косата не треба да се купуваат шампони против опаѓање, бидејќи тоа нема да помогне ниту пак да го спречи опаѓањето, подобро е да се купи шампон кој што одговара на вашиот скалп, поточно шампон за масен скалп доколку имате масен скалп или шампон за нормална коса доколку е нормален типот на скалпот.

Нежно миење на косата или нечешлање нема да спречат косата да опаѓа. Влакното што опаѓа во тек на миење или чешлање, веќе и мртво и ќе испадне, независно како вие ја третирате косата. Чешлајте ја редовно за да можете да го следите опаѓањето и да видите дали се намалува.

Од многуте фактори поради кои косата може да опаѓа, верувале или не, недостигот на витамини е исклучително редок фактор, единствена причина може да биде недостигот на витамин Д но само доколку лабораториските анализи покажат дека постои недостиг на овој витамин.

Ако опаѓањето не е хронично добро би било неколкупати неделно да се нанесува лосион против опаѓање на косата, а исто така можете да аплицирате во темето некое масло за раст на косата, како, на пример, масло од нане, рузмарин, рицинусово итн…

Доколку опаѓањето на косата трае подолго од 3 месеци, најдобро е да посетите лекат трихолог или пак дерматолог за да се испита детално настанатата состојба и да се земе соодветна терапија.

Подготвено од М.Н.

About Author