sad i kina zname

07.11.2022 Скопје

Адмиралот Чарлс А. Ричард, шефот на Стратешката команда на американските вооружени сили, смета дека е на повидок голем судир меѓу САД и Кина.

„The War Zone” пренесе дека според адмиралот Чарлс А. Ричард, војната во Украина е само „загревање за подолг конфликт со Кина што им се заканува на САД”.

Американскиот адмирал предупреди дека САД во многу блиска иднина треба да се подготват за конфликт со Кина, а конфликтот може да почне со некој кинески агресивен чин кон Тајван.

Како шеф на американската стратешка команда, адмиралот Ричард е одговорен за подготвеноста и состојбата на американскиот нуклеарен арсенал. Ова оружје може да се активира во случај на напад или одговор на напад со нуклеарно оружје лансирано од земја или море и од воздух. Воедно, нагласи дека доаѓа до нагло топење на надмоќноста во вооружувањето на САД пред Кина.

Според адмиралот Ричард, сето ова што сега се случува во Украина е само загревање и дека допрва претстои големиот конфликт со Кина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author