04.11.2022 Скопје
Од денеска до недела, во Скопје на плоштадот „Македонија ќе се одржи четвртиот „Пчеларски саем на Македонија”, каде се очекува пчелари од целата држава да ги презентираат своите пчелни производи.
Покровител на настанот е Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин Град Скопје.
Настанот е во организација на Пчеларската федерација на Македонија.
Подготвено од А.Ѓ.