https://www.facebook.com/photo/?fbid=108528875360042&set=pb.100086087903462.-2207520000.

27.11.2022 Скопје

Македонскиот филм „Преекспонирано“ кој имаше светска премиера на Интернационалниот фестивал во Каиро бил еден од шесте филмови кои се забранети за јавно прикажување.

Иако фестивалот тврди дека филмовите не биле цензурирани или забранети, потврдуваат дека за одредени филмови, меѓу кои и македонскиот „Преекспонирано“ биле ставени ограничувања за влез, односно биле достапни само за полнолетни лица.

Од продукцијата ДНФ филмс велат дека се изненадени од оваа вест и за ова дознале дури откако се вратиле од Каиро. Тие велат дека на самата премиера на филмот салата била исполнета и биле задоволно од посетеноста и одзивот, имајќи превид дека премиерата се поклопила со отворањето на Светското првенство во Катар.

Ал Џезеира пак тврди дека всушност филмот бил достапен само за филмските професионалци акредитирани на фестивалот, како и за критичарите и претставниците на медиумите, додека за локалното население картите биле недостапни.

Режисерката на филмот, Елеонора Венинова, истакна дека оваа вест ги оставила со измешани чувства, и додаде дека очигледно од фестивалот презеле ризик да поканат филмови кои третираат теми кои се контроверзни во тоа општество, и дека за нив е спорен начинот на кој е третиран бракот и сексуалноста на ликовите во филмот.

Подготвено од М.Н.

About Author