04.11.2022 Скопје
Кинескиот претседател Си Џинпинг, пред денешниот прв состанок со германскиот канцелар Олаф Шолц, ја истакна потребата од поголема соработка меѓу Кина и Германија во време на промени и превирања.
Се очекува двете делегации да разговараат за војната во Украина, климатските промени и економскиот развој.
Ројтерс пренесува дека денешната посета на Шолц е прва посета на лидер на Г7 на Кина во последните три години и ќе претставува, според аналитичарите, тест за односите меѓу Пекинг и Западот по долг период на растечки тензии.
Кинеската државна телевизија објави дека за време на нивниот прв состанок откако германскиот канцелар ја презеде функцијата, Си истакна дека големите, влијателни земји како Кина и Германија треба да соработуваат уште повеќе во време на „промени и превирања“ за светскиот мир.
Подготвено од А.Ѓ.