https://www.flickr.com/photos/cgraab62/49750865207/in/photolist-2iNjbW4-6Ruhif-6eTAQJ-2kcGEFg-hPKF48-2nnXC17-2nQpZTY-7d3QhA-3cvyhg-P6wpMR-26yptvy-dnFjL-X4paaA-njzSoX-9CpE8w-2gJcgng-RqfLwX-91b9RA-ro8gDf-dL311T-2hCtaTi-Hp2Tf1-4DjdZs-8zX5JG-8zX6i7-8zTYA4-dJSG5r-2kLsQGJ-bVdryS-ngfeFp-9JU2Lw-2nBZvkV-baMC2a-CzDFJS-743HYo-2nDsNBs-9CrTf3-8TXxPc-9Cp2kD-2gBqZGJ-2jcZJ1b-2hwRYmK-2irb8c7-7JfUe-Pq2Xg7-f6PxBv-2nPooyH-2kSoKEp-csti-AbbqvM

03.11.2022 Скопје

Денеска, Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предупреди дека Европа следната зима би можела да се соочи со сериозен недостиг на гас.

Меѓународната агенција за енергија предупреди дека ако увозот на руски гас преку гасоводите биде целосно суспендиран, а Кина продолжи со увозот на вообичаените количества течен природен гас, Европа би можела да се соочи со ситуација да не може да обезбеди половина од гасот неопходен за исполнување на складиштата.

Годинава, полнењето на складиштата за гас во ЕУ беше олеснето од низа важни фактори што можеби нема да се повторат наредната година. Тука спаѓаат и испораките руски гас преку гасоводите што беа намалени во текот на годината, но во границите на нормалата во првото полугодие.

Покрај тоа, намалениот увоз на течен гас од страна на Кина во првите десет месеци на тековната година беше клучен за снабдувањето во Европа, со што се компензираше намалувањето на понудата од Русија.

Фатих Бирол, директор на Меѓународната агенција за енергија, изјави дека о оглед на топлото време и пониските цени на бензинот, постои опасност од релаксација кога станува збор за снабдување на Европа со гас, потенцирајќи дека опасноста во никој случај не е помината. Воедно, предупреди дека кога ќе се погледнат најновите трендови и случувања на глобалниот и европскиот пазар на гас, може да се види дека Европа ќе се соочи со уште поголем предизвик следната зима.

Според Бирол, владите во Европа мора веднаш да преземат мерки за подобрување на енергетската ефикасност и забрзување на користењето на обновливите извори на енергија, топлинските пумпи, со што би се намалила побарувачката за гас.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author