24.11.2022 Скопје
Фудбалската репрезентација на Јапонија го шокираше фудбалскиот свет со победата над Германската репрезентација.
Германија по првото полувреме имаше водство од 1:0, но потоа Доано и Асано во последните 15 минути донесоа голема победа за Јапонците.
Португалскиот стратег Жозе Мурињо изјави дека не го гледал натпреварот, но победата на Јапонија за него не е некое големо изненадување бидејќи тимот на Јапонија расте од година во година.
Најголем дел од Европа се фокусира на индивидуалност истакна Мурињо, и додаде дека во својата кариера има тренирано азиски играчи, и многу е среќен за таа прилика бидејќи ги тренирал најдобрите.
Подготвено од М.Н.