29.11.2022 Скопје
За Светското првенство, Катар инвестираше огромни финансиски средства од 220 милијарди долар, но според некои проценки вкупната сума достигнува и до 300 милијарди долари.
Катар има најмалку 16 пати повеќе потрошено од претходната земја домаќин, Русија.
Вкупниот трошок е повеќе од три пати поголем од вкупниот трошок на сите осум Светски првенства од 1990 година. Претходниот највисок буџет беше 19,1 милијарди долари, што Бразил ги потроши во 2014 година, додека Јужна Африка издвои само 4,9 милијарди долари.
Трошоците на Катар се огромни, дури и за богата блискоисточна земја која „лежи“ на наоѓалишта на нафта и минерали. Зошто Катар е толку скап? Колку е голем проектот говори и податокот дека Катар изгради седум нови стадиони, а реновира еден за Мундијалот.
Катар изгради и метро, бројни хотели, терени за голф и марини, целата инфраструктура потребна за сместување на 1-2 милиони привремени жители. Иако првично беа планирани 12 стадиони, бројката е намалена на 8 поради финансиски проблеми.
Подготвено од А.Ѓ.