Image by teksomolika on Freepik

19.11.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, градските власти во Киев предупредија дека е можно целосно замрачување на електричната мрежа во главниот град на Украина, а премиерот Денис Шмихал истакна дека речиси половината од енергетскиот систем на земјата е оневозможен во руските напади.

Во изминатите неколку недели Русија ги засили нападите врз украинските енергетски капацитети, а во силните воздушни напади во вторникот и четвртокот беше погодена енергетската инфраструктура низ целата земја.

Украинскиот премиер Шмихал, по состанокот со еврокомесарот за трговија Валдис Домбровскис, изјави дека за жал, Русија продолжува со ракетните напади врз украинската цивилна и критична инфраструктура и речиси половина од ункраинскиот енергетски систем е исклучен.

Киев е еден од најтешко погодените градови од нападите со ракети и беспилотни летала кои на моменти го прекинаа снабдувањето со електрична енергија, греење и вода и тоа во моменти кога се приближува зимата.

Инженерите брзаат да ја санираат електричната мрежа во главниот град, каде вчера падна првиот снег.

Микола Поворжник, заменик-менаџер на градската администрација во Киев, изјави дека се подготвуваат за различни сценарија, вклучувајќи го и целосното исклучување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author