30.11.2022 Скопје
Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји, изјави дека Европскиот совет може да одобри статус кандидат за членство во Европската Унија на БиХ по самитот на ЕУ Западен Балкан кој ќе се одржи на 15 декември, но само доколку продолжи забрзаниот процес на формирање влада во БиХ на сите нивоа.
Вархеји истакна дека тој самит во Тирана е единствен бидејќи лидерите на ЕУ и Западен Балкан првпат се среќаваат надвор од Брисел.
Вархеји изрази надеж дека БиХ ќе ги зајакне своите институции за да може самостојно да носи одлуки и дека по истекот на сегашниот мандат повеќе нема да бидат потребни странски судии во Уставниот суд на БиХ, и посочи дека функционерите на Република Српска поддржуваат забрзан пат кон Европската унија.
Европскиот комесар Вархеји истакна дека е охрабрен од пораките кои ги слушнал од новиот претседавач со Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ и додаде дека со претседателот на Република Српска Милорад Додик имаат заеднички интерес за што побрз напредок на европскиот пат и обезбедување мир, стабилност и развој во тој регион.
Подготвено од М.Н.