https://www.facebook.com/zapnpp/photos/a.1193017710819784/1304950412959846

18.11.2022 Скопје

Земјите члекни од меѓународната агенција за атомска енергија ја повика Русија да се повлече и да ја ослободи украинската нуклеарна централа Запорожје.

Во резолуцијата на гувернерите на МААЕ која е објавена во Виена, се наведува дека Москва треба да го повлече својот персонал и да се откаже од неовластеното присвојување на нуклеарната централа во Украина.

Бордот на гувернери, исто така, изрази загриженост за украинските вработени во централата, кои се под голем притисок од руските сили и од низата извршени апсења од страна на Русија.

Нуклеарната централа во Запорожје е најголемата централа во Европа, под руска власт е од март годинава а во последните неколку месеци се случуваа напади во близина на централата, при што за тие напади Русија и Украина се обвинуваа меѓусебно.

На МААЕ ова е трета по ред резолуција од почетокот на војната во февруари, до сега Русија и Кина имаат гласано против а седум земји се воздржани во однос со оваа резолуција.

Подготвено од М.Н.

About Author