23.11.2022 Скопје
Денеска, вицепремиерот Андреј Спину изјави дека руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа прекин на испорака на струја во половина Молдавија.
Вицепремиерот Спину истакна дека „Молделектрика“ работи на обновување на напојувањето на повеќе од 50 отсто од државата со електрична енергија.
Полицијата и молдавската компанија, која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата, побараа од луѓето да останат смирени.
Денеска серија експлозии одекнаа во Киев, а експлозии се слушнаа и во регионите Дњепропетровск и Миколаев, каде што беа пријавени неколку удари.
Подготвено од А.Ѓ.