https://www.facebook.com/photo/?fbid=2654494441246401&set=a.2654494344579744

04.11.2022 Скопје

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува силна загриженост поради измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии изгласани на 2 ноември во Собранието на Република Северна Македонија.

Бугарското Министерство за надворешни работи нагласи дека постои сериозна загриженост дека измените и дополнувањата на законите имаат за цел дискриминаторско ограничување на правото на здружување на Бугарите во Република Северна Македонија, за што повод е еднострано толкување на историските факти. Воедно, истакнаа дека легитимната потрага за спротивставување на сите форми на екстремизам и омраза не може да се инструментализира за намерно ограничување на правата на одредени заедници, објаснувајќи дека ограничувања од ваков карактер веќе им биле наметнати на Бугарите во Република Северна Македонија во минатото и со слични аргументи, во 2001 година била забранета организацијата „Радко“, која е псевдонимот на Иван Михаилов.

Од бугарското Министерство за надворешни работи потсетуваат дека во документот се наведува дека исклучоците од правото на слобода на здружување мора тесно и точно да се толкуваат, а „само убедливи и императивни причини можат да го оправдаат ограничувањето на ова право додека употребата на име на лице кое е негативно перципирано од мнозинството од населението само по себе не може да се дефинира како за осуда или да претставува вистинска и непосредна закана за јавниот ред“.

Бугарското Министерство за надворешни работи реагира и на формираното Советодавно тело за употреба на имиња на историски личности на здруженија кое, минатата недела, даде негативно мислење за формирање на здружението со име „Цар Фердинанд“ во Богданци. Исто така, додадоа дека закажаниот механизам, според кој „Консултативното тело“ формирано во Скопје треба да дава позитивни мислења за да се дозволи употреба на дадено име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, го наметнува прашањето за наметнување пристап во интерпретацијата на историските личности и настани базиран исклучиво на доминантната официјална интерпретација во Република Северна Македонија. Воедно, додадоа дека овој пристап следи сосема логично и ја објаснува неподготвеноста да се деблокира работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Оттаму посочуваат дека посебен проблем е одлуката на Собранието на Република Северна Македонија воопшто да не го вклучи комунизмот како тоталитарна и репресивна идеологија во спроведувањето на усвоените измени.

Бугарското МНР очекува властите во Република Северна Македонија да гарантираат еднакви права и слободи на сите нејзини граѓани, вклучително и на оние кои се идентификуваат како Бугари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *