https://www.facebook.com/photo/?fbid=1780311365591504&set=pb.100067975441419.-2207520000.

07.11.2022 Скопје

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ „УХТ ТРАЈНО МЛЕКО“, „Милкано“ 3,2% масленост, поради присуство на афлатоксин М1.

Во информацијата, Агенцијата за храна и ветеринарство дефинира дека се работи за млекото „Милкано“ со 3,2 проценти масленост, со сериски број/лот LOT FD04, со датум на производство 05.10.2022 година и рок на употреба до 04.03.2023 година. Потенцираат дека причината за отповикување е присуството на афлатоксин М1. Како и производител Млечна индустрија МИ 99 – Градач, Босна и Херцеговина, со одобрен број ML 2-166.

Од ланецот на маркети Стокомак информираат дека млекото „Милкано УХТ“, млеко со 3,2% масленост, 1 литар LOT FD04 се повлекува од пазарот. Воедно, упатуваат апел до сите граѓани коишто го купиле, да го вратат во маркетите за да им бидат вратени парите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author