03.11.2022 Скопје
Министерот за финансии Синиша Мали најави дека на 16 декември ќе започне исплатата на финансиска поддршка за млади од 16 до 29 години во износ од по 5.000 динари.
Синиша Мали истакна дека апликациите ќе траат од 1 до 15 декември 2022 година.
Сите млади луѓе кои сакаат да добијат ваков вид помош мора да се пријават до Одборот за финансии, без разлика дали претходно аплицирале. Потребно е да аплицираат сите кои ги исполнуваат условите, освен примателите на парична социјална помош и лицата во установите за извршување на кривични санкции.
Постапката ќе биде иста како и за претходните два државни грантови за млади, кои беа од почетокот на годинава, двапати по 100 евра, во февруари и јуни.
Танјуг пренесува дека право на пријавување имаат државјани на Србија кои во моментот на аплицирање се на возраст меѓу 16 и 29 години, живеат на територијата на Србија и имаат важечка лична карта.
Подготвено од А.Ѓ.