13.11.2022 Скопје
Mладите од нашата земја по петти пат ќе бидат дел од пан-европскиот настан „Филмски ден на млада публика“, кој денеска ќе се случува низ европските градови.
Овој настанот е предвиден да се одржи во Кинотеките и да опфати млади на возраст од 12 до 14 години, а ќе бидат емитувани три филмови, од кои два долгометражни и еден документарен кои се селектирани од страна на филмските експерти и тинејџери од цела Европа и кои ќе бидат во трка за Наградата за најдобар Европски филм за млада публика во 2022.
Победниците ќе се бираат од млади луѓе како жири и тоа од 42 европски земји кои ќе гледаат три филма он-лајн, но и во повеќе од 60 киносали во преку 70 европски градови.Гласовите од Скопје ќе бидат соопштени преку видео клип во којшто ќе земат учество сите учесници со фокус на два учесници од нашето жири во улога на презентери, а настанот во Скопје ќе биде организиран од Европската филмска академија и Агенцијата за Филм на Македонија.
Наградата е посветена на европските филмови кои се за младата публика со возраст од 12 и 14 години и претставува официјална категорија уште од 2012 година, во рамки на Европските филмски награди кои се организирани од страна на Европската Филмска Академија и ЕФА Продакшнс.
Во соопштение од Агенцијата стои дека оваа идеја е добра за младата популација бидејќи освен тоа што добро го запознаваат квалитетот на европскиот филм, воедно запознаваат различни култури, и разгледуваат разни општествени прашања, а секако во иднина им се овозможува на младите да придонесат позитивна промена преку демократско гласање во своите држави.
Во официјална конкуренција се филмовите: францускиот „Животно“, режирано од Сирил Дион, шведскиот „Кралица на комедијата“ на Сана Ленкен и германскиот „Соништата се како диви тигри“ на Ларс Монтаг.
Големото финале ќе биде на прославата на Европските филмски награди на 10 декември во Рејкјавик.
Подготвено од М.Н.