https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/294595711_594855485341516_728641211946209831_n.jpg?_nc_cat=108&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=H7Upht1OkPgAX89VNEA&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT_klYxhDYhXWu8KPOD-gOwd32xy6kxNEkiXrzVibIUvwA&oe=62DF24BD

12.11.2022 Скопје

Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека мирот и безбедноста на Европа го оспорува Србија, но и Русија, бидејќи тие имаат заеднички цели и на државите гледаат низ етнички објектив и дека двете држави не веруваат во вредноста на демократијата.

Премиерот Курти истакна дека Косово е подготвено да и подаде рака на Србија и да создаде добрососедски односи, но изрази сомневање дека Србија може да го стори истото, и додаде дека и по 11 години, односите со Србија воопшто не се подобри.

Србија во својата демократизација бара повеќе конфликти отколку соработка, постојат сомнежи за тоа дали Србија е демократска земја, се претпоставува дека таа е режим кој е предводен од Православната црква и под влијание на Русија, изјави премиерот на Косово.

Косово само бара добрососедски односи со Србија и подготвено е да и подаде рака на земјата што изврши геноцид врз Косово, доколку се подготвени да ја спуштат тупаницата, истакна Курти, и додаде дека доколку Србија не е подготвена да го признае Косово, европските земји треба да ја убедат што е можно побргу во спротивното.

Подготвено од М.Н.

About Author